И УЈП утврди дека Арсовска сепак должи на приватните превозници, Тачела коалицијата се служи со лаги. Според информации и документи објавени од медиумите, по потекло од УЈП се гледа дека Арсовска должи вкупно 1.5 милиони евра на приватните превозници, онолку колку што истите и бараат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Арсовска е фатена на дело, а Ковачевски ја има потврдата која ја бараше во однос на долгот. Сега да не се препукуваат и да се договорат кој ќе го плати долгот, исто како што се договараат за матните зделки.
Документите од УЈП потврдуваат заради кого Скопје беше блокирано со денови. Ковачевски и Арсовска се главни виновници за блокадите на Скопје, но и за тоа што нема доволно автобуси.
Директорот на ЈСП е кадар на СДС, и тој е директно одговорен за долгот кон приватните превозници. Александар Стојковски, директор на ЈСП е кадар на СДС назначен од Арсовска, тој е плод на коалицијата Тачела.
Бараме СДС и Арсовска да се извинат и да го исплатат долгот кон приватните превозници, додаваат од партијата.