Министерството за здравство инфомира дека сите вакцинални пунктови низ државата ќе работат во текот на утрешниот ден, сабота, 6 ноември.
Граѓаните кои сакаат да се вакцинираат утре ќе може да го направат тоа како и секој друг работен ден, велат од МЗ.
Eпидемиолозите предупредуваат дека е неопходно да достигнеме праг на колективен имунитет од 80 до 85 отсто за да се спречи ширењето на вирусот.
Речиси 40.000 граѓани во земјата се вакцинирале со трета доза за неполн месец – само завчера 2.293 граѓани по третпат се заштитиле од коронавирусот, додека трипати помалку, само 758 лица, решиле да примат прва доза, а 787 втора. Заклучно со 3 ноември, вкупно се вакцинирани 807.528 граѓани, а ревакцинирани се 778.482, со што опфатот со имунизација со две дози достигна 46 отсто кај полнолетните граѓани.