– Во моментот наши екипи и припадници на Армијата се упатуваат кон овие три жаришта. Цела ноќ, екипите беа на терен. Делумно е локализиран пожарот, изјави командирот на противпожарната единица, Далибор Трајковски.

Екипите на противпожарната единица на Старо Нагоричане, со поддршка на пожарникарите од Куманово, од Скопје, од Ранковце, припадници на шумското стопанство, припадници на Армијата на МВР, на ДЗСИ и мештани, цела ноќ го гасеа пожарот кај Кокино во кој беше зафатена поголема површина на борова, дабова и нискостеблеста шума. Пожарот почна да се шири на 1. август во попладневните часови. Вчера во текот на денот во гасењето беше вклучен и хеликоптер на Армијата. Претходно беа и евакуирани и жители.

Во кумановско, целосно е изгаснат пожарот во Мургаш и Пезово, екипите села ноќ го гаселе пожарот кој беше видлив од источната страна на Куманово.

Во моментот има пожар од другата страна на ридот кој е префрлен во атар на село Бељаковце каде што гори нискостеблеста дабова шума, пративме екипа и на тој реон, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.