Утрово сообраќајот се одвива само по една коловозна лента и тоа во правец кон Софија, но не и на лентите во правец од Софија кон Благоевград каде што се случи несреќата.
Патот таму се уште се одвива преку обиколен пат, а причината е тоа што во наредните пет дена ќе се врши увид на местото на несреќата, пренесуваат бугарските медиуми.
Тие треба да направат проверка на тротоарот, патната сигнализација, рестриктивните системи, како и хоризонталното обележување и врз основа на нив да презентираат извештај за состојбата на автопатот и да проценат какви мерки ќе се преземат за нивно обновување.