Апаратот за комјутерска томографија во Болницата во Струга не е во функција иако директорот на Болницата, Арменд Арслани и заменик директорот ма ФЗОМ, Асаф Абдурамани се сликаа за негова промоција. Сепак пациентите не ја добиваат оваа здравствена услуга во Болницата во Струга, а од сликањето со опремата во пракса нема ништо за пациентите, велат од Комисијата за здравство на ВМРО – ДПМНЕ.

Во продолжение соопштението на Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ

„АПАРАТОТ ЗА КОМПЈУТЕРСКА ТОМОГРАФИЈА
ВО СТРУШКАТА БОЛНИЦА ИАКО ПРОМОВИРАН ОД КАДАРОТ НА ДУИ, ПАЦИЕНТИТЕ И ТРИ НЕДЕЛИ ПО СЕЧЕЊЕТО ЛЕНТА УШТЕ НЕ ЈА ДОБИВААТ ОВАА ЗДРАВСТВЕНА УСЛУГА

Апаратот за комјутерска томографија во Болницата во Струга не е во функција иако директорот на Болницата, Арменд Арслани и заменик директорот ма ФЗОМ, Асаф Абдурамани се сликаа за негова промоција. Сепак пациентите не ја добиваат оваа здравствена услуга во Болницата во Струга, а од сликањето со опремата во пракса нема ништо за пациентите.

Исто така, надвор од функција се ехото и ехокардиограмот во одделот за интерна медицина.

Од оваа Болница до Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ пристигнуваат поплаки од средно-медицинскиот персонал за зголемен број дежурства, без да се исплатат тие часови,а исто така поплаки има и од административниот кадар за притисоци од претпоставените и непочитување прописи.

Вакви неправилности во изминатиот период пристигнуваат од неколку клиники, болници и здравствени домови.

Сето тоа директно влијае на демотивирање на кадарот и напуштање на јавното здравство што е јасно нотирано и во последниот извештај на ЕК каде ова прашање е сериозен предизвик за целиот здравствен систем, стои во постот на ВМРО ДПМНЕ.