Колку точно ќе трае таа пауза, никој не може да каже со сигурност. Во меѓувреме, Малдини бара соодветни засилувања.

Фудбалерот на Штутгарт Саша Калајџиќ беше голема желба на управата на „росонерите“, но германскиот клуб ги отпушти со поставување нереална цена за нивниот млад напаѓач, која Милан не е во можност да ја обезбеди.

Како потенцијален нов играч на црно-црните се споменуваше и Оливие Жиру, како и Лука Јовиќ, но и со двајцата, сè остана само на шпекулациите.

Една од идеите на Малдини е Рафаел Леао да си замине. Неговиот менаџер навести дека понудите може да пристигнат од Премиер лигата од Евертон и Вулверхемптон, но тие тешко дека ќе можат да го продадат за 30 милиони евра што ги бараат за него.

Со тоа би се ослободило уште едно место во тимот во фаза на напад, а кој ќе го носи тој товар следната сезона останува да видиме.

Ибрахимовиќ минатата сезона постигна дури 15 гола на 19 натпревари во Серија А, што не е безопасен факт за фудбалер кој полека влегува во петтата деценија од својот живот.