Две лица во критична состојба, пренесени во болница со хеликоптер

Седум лица се повредени во инцидентот што се случи вчера во италијанскиот град Модена, а двајца од нив се во критична здравствена состојба. Станува збор за 55-годишна жена и 55-годишен маж, кои со хеликоптер се пренесени во болницата „Маџоре“ во Болоња.

Инцидентот започнал кога возило со голема брзина удрило во излог на продавница во центарот на градот.

Напад со нож по удирањето во излог

По ударот, лицето кое го управувало возилото со нож нападнало луѓе кои се обиделе да го спречат да побегне.

Напаѓачот подоцна е приведен од полицијата. Идентификуван е како 31-годишен италијански државјанин со мароканско потекло, Салим ел Коудри.

Полицијата извршила претрес во неговиот дом, при што не се пронајдени докази дека бил радикализиран. Сепак, истражителите наведуваат дека постојат индиции за можна ментална нестабилност.