Усмртената е напаѓачката којашто уби шест лица, меѓу кои три деца, во приватно христијанско основно училиште во Нешвил во понеделникот утрото по локално време, е идентификуван како 28-годишната Одри Елизабет Хол, соопштија властите.

Џон Дрејк, началникот на полицијата во Нешвил, ка ослови напаѓачката со женска заменка, но на прашањето на новинарите појаснил дека Одри Елизабет Хол се идентификува како трансродова личност. Сè уште не е јасно дали напаѓачот е официјално идентификуван како жена или маж.

Полицијата тврди дека нападот бил однапред испланиран и дека се анализираат манифестот и писмото на напаѓачката, кој полицијата ја уби набрзо по пукањето.

Полицијата додаде дека напаѓачкаѕа легално набавила две пушки и дека во моментот на нападот со себе ималаа мапи и цртежи од училишната зграда. Додаваат дека напаѓачкаата е поранешна ученичка во тоа училиште.

Локалните медиуми претходно објавија дека напаѓачката во понеделникот нешто по 10 часот влегла во училиштето преку спореден влез и била вооружена со две пушки и еден пиштол.

Престрелката се случила во презвитеријанското Основно училиште Завет во кое има околу 200 ученици. „Полицајци ја нападнаа напаѓачката и таа е мртва“, објави претходно полицијата на Twitter.

Американскиот претседател Џо Бајден го нарече пукањето во училиштето во Нешвил „одвратно“, велејќи дека оруженото насилство ја „раскинува душата“ на Соединетите држави.