Тој во негова колумна поддржувачите ги нарекува „вмрони“ и „едноклеточни суштества“. Тој најпрво ја споредува ситуацијата во Македонија со Авганистан:

– Антиваксерите, вмороните и другите припадници на групацијата на лудаците, примитивците, злосторниците и антимакедонистите, ја играат истата улога каква што на аеродромот во Кабул ја одиграа самоубијците на Исламската држава. Бројот на жртвите во нападот во Авганистан ние го стигнуваме за неколку дена, но тие таму никогаш нема да можат да убиваат секој ден по толку по колку во време на пандемијата што ја разгоруваат, можат да убиваат нашите скотови, пишува Тричковски во новата колумна.

Тој повикува на масовна вакцинација и невакцинираните ги нарекува „сељаци“ и „антиграѓанство“.

– Ние сме во граѓанска војна. Со сељаците. Со антиграѓанството. Односно примитивноста е во војна со нас. Короните се нивните калашникови и хаубуци. Ние ги имаме вакцините, науката, системот и здравиот разум. Тие се малку поврескави, како што се сите што вложиле сѐ, а знаат дека губат. Ние сме повеќе и повеќе вредиме. Времето, правдата, вистината се на наша страна. На наша страна е животот, на нивна страна е смртта. Дали е потребна задолжителна вакцинација? Се разбира, пишува Тричковски.

Тричковски продолжува со коментарите и навредите кон ВМРО, заборавајќи дека ВМРО е идеологија која треба да ја негува секој Македонец и дека не станува збор за политичка партија.

– Исчезнувањето на Македонија не мора да биде катастрофа. Но, ако се случи, несомнено е дека заблудите, па и утопиите ќе одиграат важна улога во смртта што засега само ја навестуваат. Чувајте се од вмро. И сѐ што лебди околу тој ѕвер. И сѐ ќе биде в ред, ја завршува тој неговата колумна.

Целата колумна на Тричковски може да ја погледнете ТУКА.