Израелската армија тврди дека во воздушен напад го убила командантот на единиците за беспилотни летала на Хамас во северниот дел на Газа, Махмуд ал-Мабух.
Според соопштението на ИДФ, Ал-Мабух бил одговорен за нападите со дронови врз Израел и израелските војници во Газа, пренесува „Тајмс оф Израел“.
ИДФ, исто така, соопшти дека ливидирала оперативци на Хамас во Џабалија во борба лице в лице, како и во воздушни напади.
Израелските сили извршија напади со дронови во Рафа врз „ќелија на вооружени терористи“ кои планираа терористички напади, се додава во соопштението на израелската армија.