Касис ќе ја преземе функцијата од сегашниот претседател Ги Пармелин,

Во Швајцарија ротирачката функција на претседател по една година ја извршува еден од членовите на Федералниот совет, седумчлената швајцарска Влада.

Касис е првиот швајцарски претседател во овој век кој доаѓа од регионот Тичино каде што се зборува италијански.

Касис дипломирал медицина и работел како интернист, а течно зборува германски, француски и италијански, трите главни јазици во Швајцарија.

За време на Пармелин, кој беше домаќин на јунскиот американско-руски самит, швајцарската Влада во мај се повлече од повеќегодишните преговори за сеопфатен пакет билатерални договори со ЕУ, откако двете страни не постигнаа договор за прекуграничното движење на луѓето кои бараат работа и други клучни прашања.

Швајцарија има повеќе од 100 билатерални договори со ЕУ.