Игор Гиевски е избран за нов член на Управниот одбор на ЕВН Македонија. Гиевски, кој е роден 1976 година е дипломиран електроинжиниер, доктор на електротехнички науки.
Гиевски важи за човек со големо работно искуство. Тој претходно ја вршеше функцијата член на УО на ЕВН Македонија, во периодот од 2010 до 2018 година. По неговиот успешен осумгодишен мандат, беше назначен за Управител на ЕВН Македонија Електрани, каде беше на позиција до 2022 година. Гиевски го продолжува својот ангажман за Групацијата ЕВН и Управниот одбор на ЕВН Македонија во областа на обновливи извори на енергија.
Промените во раководната и организационата структура во ЕВН Македонија стапуваат на сила од 1 јули годинава.