Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната седница одлучи да му даде овластување на партискиот лидер и актуелен премиер Христијан Мицкоски да предложи нови кадровски решенија за владините позиции кои досега беа под надлежност на Алијансата за Албанците. Ова следува откако Арбен Таравари објави дека ја напушта владината коалиција.
ВМРО-ДПМНЕ: „Падна уште една маска – исти газди, нови марионети“
Од ВМРО-ДПМНЕ изјавуваат дека потегот на Таравари ја разоткрил неговата вистинска политичка ориентација. Според нив, се создава нов квартет на координирани партии: СДС, Алијанса, ДУИ и Левица – различни по име, но со ист „газда“ и идентична цел.
– Уште една илузија беше разоткриена. ДУИ со години инвестира во политички „привезоци“ кои ја исполнуваат неговата агенда. Сега тие се подготвени за трошење, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Таравари ќе ги дружи Села и Ахмети во опозиција
ВМРО-ДПМНЕ порачува: „Државата не оди во провалија, туку излегува од неа“
Според соопштението, новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ е решена да ја расчисти сцената од корупција и непотизам. Оттаму нагласуваат дека правдата конечно почнува да функционира и дека нема веќе простор за амнестии, рекети и наместени тендери.
– СДС, ДУИ и нивните политички вазали веќе се осудени – од граѓаните на изборите. А вистинскиот суд – оној на правдата – допрва доаѓа, стои во партиското соопштение.
Крајната порака од ВМРО-ДПМНЕ е дека ќе продолжат со процесот на кадровска консолидација и политичка стабилизација, независно од повлекувањата и притисоците од други коалициски партнери.
Извор: Република