Објасни дека целта на Владата е да го заштити општеството, да ги заштити грааѓаните и оние кои се веќе се вакцинираа и ги почитуваа мерките во изминатиот период.
-Ги гледате бројките, вчера имавме 370-380 луѓе на интензивна нега. 90 отсто од нив се невакцинирани, Експертите велат дека невакцинираниот има 13 пати поголема можност да се разболи, да биде приклучен на апарати. А ова станува 20 пати повеќе за оние што се над 60 години. Што треба да направи Владата? Да седи со скрстени раце?, истакна Иконому.
Додаде дека намерата на Владата е да нема ново затворање на економијата, ниту рестрикции кои „не се одразуваат само на економската и бизнис активноста, туку се одразуваат и на психологијата, во начинот на кој секој од нас живее, се движи, размислува“.
-Планот и намерата што во овој момент постојат е да не одиме на општо локдаун и на општи ограничувања како оние што ги живеевме во претходниот период. Не е исклучено, онаму каде што ситуацијата станува загрижувачка и ги надминува безбедносните индикатори поставени од научниците, да преземеме конкретни мерки, како што се оние поврзани со ноќната забава, со музиката, евентуално општа употреба на маски, доколку биде потребно. Односно, не говориме за рестриктивни мерки со иста димензија и природа како во претходниот период, рече портпаролот на грчката Влада.