-Денес Битола испишува историја. За првпат во историјата на градот Советот на Општина Битола добива претседател кој доаѓа од граѓанска листа. Она што го постигнавме на избори денес го крунисавме. Тоа значи дека од сега во Советот ќе се работи само за интересите на битолчани и нема да има поделби кој од каде доаѓа и од која политичка партија е. Тоа значи дека демократијата во Битола добива нова нота, а Битола, почнува да живее поинаку, рече Илиевска по изборот за претседател на Советот на Општина Битола.
Според Илиевска “Поинаку“ ќе биди на страната на битолчани, се она што е добро за градот ќе биде поддрѓано, се она што не е добро нема да биде поддржано. Ние остануваме на она што веќе е кажано, граѓаните на Битола да бидат приоритет на секоја локална власт во Битола.