Расколот во Алијанса за Албанците резултираше со оставки од министерските места на министерот за здравство, Фатмир Меџити и министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу. Нивната поддршка за Таравари им даде „црвен картон“ од министерското столче и на нивно место доаѓаат Илир Демири и Наим Бајрами од крилото на Зијадин Села.

На попладневната собраниска седница Демири и Бајрами се избрани да седнат на министерските позиции со 63 гласа „за“. Нема ниту еден воздржан.

Најавата на Арбен Таравари дека ќе ја поддржи албанската опозиција ги „зовре страстите“ во Алијанса за Албанците. На телевивиско гостување Таравари вавките настани ги опиша како „она што се случуваше кај ДУИ сега се случува и кај нас“.