Скандирања за Илирида, Голема Албанија…,повеќепати вечерва одекнуваа на Националната арена „Тодор Проески“ на натпреварот Шкендија – Карабах, МВР во координација со јавен обвинител работи на расчистување на случајот, потврдија од Министерството за Курир.

И покрај сите апели и предупредувања за фер и спортско навивање без националистички испади, навивачите на Шкендија тоа не го испочитуваа на вчерашниот натпревар.

Од СВР Скопје за Курир информираат дека врз основа на снимениот и докумнетиран материјал презема мерки во координација со јавен обвинител.

Министерството за внатрешни работи претходно соопшти дека ќе ги санкционира евентуалните националистички испади, како што реагираше брзо по испадите на мала група навивачи на кошаркарскиот натпревар меѓу Македонија и Романија во Куманово.

Инаку вчерашниот натпревар заврши со пораз за Шкендија од 1:0 од Карабах. Единствениот гол првакот на Азербајџан го постигна од пенал во 18.минута.

Реванш натпреварот се игра на 12.август во Баку.