Илјадници демонстранти излегоа денеска на улиците во Картум и другите градови низ Судан за да протестираат против октомврискиот воен удар.

Демонстрантите, главно момчиња и девојчиња, маршираа низ улиците на Картум и другите градови, повикувајќи на формирање цивилна влада што ќе доведе до транзиција на земјата кон демократија.

Учесниците на протестите удираа во тапани и извикуваа слогани против државниот удар низ улиците на Картум и неговиот збратимен град Омдурман. Тие носеле судански знамиња и други транспаренти со фотографии на демонстранти убиени од безбедносните сили.

Како што се наведува, властите ја зајакнале безбедноста во Картум и Омдурман пред одржувањето на протестите.

Биле распоредени илјадници војници и полиција, го затвориле центарот на Картум, повикувајќи ги демонстрантите да се собираат само на јавните плоштади.

Група демонстранти соопштија дека планираат да се упатат кон претседателската палата.

Според податоците на Суданскиот комитет на лекари, од почетокот на протестите загинале најмалку 78 луѓе, а стотици се повредени, во судирите меѓу демонстрантите и безбедносните сили.