Транспортниот систем парализиран до четврток во Лондон

Во главниот град на Велика Британија, вработените во лондонското метро денеска започнаа големи штрајкови кои ќе продолжат во различни периоди до четврток. Меѓу нив се машиновозачи, сигналисти и работници за одржување на линиите, соопшти Синдикатот за железница, поморство и транспорт.

„Транспорт за Лондон“ предупреди дека поради штрајковите, услугите ќе бидат значително ограничени и дека возовите ќе сообраќаат во ограничен обем, а во некои моменти речиси нема да има возови на линиите. Компанијата им понудила на вработените зголемување на платите од 3,4%, но синдикатот бара скратена работна недела од 32 часа, што операторот оценува како неприфатливо.