ДУИ е на чекор пред замминување во опозиција по цели 16 години власт. Паријата која се поврзува со низа скандали и сомнежи со за сериозна корупција, проневери и останати нелегални активност е пред „збогување“ од власта.

Бујар Османи со низа критики до ВМРО-ДПМНЕ

Игнорирајќи ја националистичката и шовинистичка реторика кај својата партија, игнорирајќи ги и извиците „УЧК“ на плоштадот „Македонија“, Бујар Османи упати низа критики кон ВМРО-ДПМНЕ. Слоганот „Македонија повторно твоја“ нему не му се допаѓа и вели дека со овој слоган ВМРО успеало да ги омаловажи Албанците.ж

Бујар Османи се закани дека народот ќе ги казни ВМРО-ДПМНЕ, а го посочи директно Христијан Мицкоски.

Mицкоски успеа да го врати сеќавањето кај Албанците на стогодишното ропство и на понижувањата во некогашна Југославија. Тој успеа да активира нерв за кој мислевме дека е трајно сокриен. Успеа да го врати времето од Југославија, кога беше одлучено дека Рахман Морина ќе ги претставува Албанците. Но, овој обид за омаловажување на секој Албанец и на етничките заедници со слична судбина, ги мобилизира луѓето, а ги мобилизира и оние кои во првиот изборен круг не излегоа да гласаат, рече Османи.

ВМРО-ДПМНЕ одбројува во 8 мај

Од партијата на Христијан Мицкоски очекуваат 61 пратеник на 8 мај и како што веќе е извесно, претседател на државата. Гордана Силјановска Давкова е во водство од 180.000 гласови пред Стево Пендаровски и извесно е дека ќе биде идниот шеф на државата.

ВМРО-ДПМНЕ во коалиција со ВЛЕН (Вреди)

Партијата ВМРО-ДПМНЕ е на чекор до коалиција со албансаката опозиција ВЛЕН (Вреди) кои се покажаа со солиден резултат на претседателски избори чиј кандидат беше Арбен Таравари. Уште на изборната ноќ, веднаш по обелоденувањето на големата победа на ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова, лидерот на партијата упати повик до Арбен Таравари. Мицкоски не го криеше задоволството за посакуван партнер во идната влада да му биде токму албанскиот опозиционер.

Извици од УЧК на митингот на ДУИ

Во меѓувреме, владејачката ДУИ направи митинг на плоштад каде имаше низа провокации кон Македонците. На митингот се скандираше УЧК, се вееја само албански знамиња, но и се упатија директни закани кон лидерот на најголемата партија, ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Али Ахмети директно му се закани на Мицкоски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Nikolovski (@boemot.mk)