Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека има понуди за финансирање на изградбата на брзата пруга на Коридорт 10, за кои рокот за доставување завршува утре.
Да, има, рече Мицкоски, во гостување на ТВ Сител, порачувајќи дека пругата ни е потребна веднаш затоа што ќе останеме изолирани ако не ја изградиме и модернизираме.
Министерсвото за финансии има испратено барање за понуди до 24 банки за финансирање на изградба на брзата пруга на Коридорот 10.
Прашан даи ќе бидеме ослободени од царнските тарифи на САД рече дека преговорите се во тек, се водат во позитивна насока.
– Следната недела е крајниот рок кога македонската јавност ќе знае што е тоа што го добиваме од админисрацијата на САД, рече Мицкоски.