Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека е во тек комуникација со Канцеларијата на Европската комисија во земјава. Околу иницијативата за средба со бугарската страна. Веќе постои предлог-термин, за кој сè уште се чека потврда од официјална Софија.
„Имаме комуникација со канцеларијата на Европската комисија и вчера и денес, се уште немам повратен одговор. Има предлог термин, да почекаме да се изјаснат од бугарската страна“, рече Мицкоски на новинарско прашање дали стапил во контакт со претседателот на Советот на ЕУ Антонио Кошта и дали Бугарија ќе прифати ваква средба.
Мицкоски: Официјална Софија остана заложник на живковизмот
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова изјави дека иако вообичаено се одржува средба со хомолозите, таа нема проблем да разговара и со бугарскиот премиер Росен Жељазков. Тоа би се слуќило на претстојниот Самит на НАТО во Хаг. Таа појасни дека нејзиниот бугарски колега, Румен Радев, нема да присуствува на Самитот. Тоа отвора можност за разговор со Жељазков во насока на деблокирање на евроинтеграциите на Македонија.
„Јас за евентуална средба разговарав со господинот Антонио Кошта, негов беше предлогот. Во меѓувреме, јас не знам, ќе бидам таму ако ми е мене редот. Инаку, се знае, ред е да се разговара со хомологот, но еве нема проблем, меѓутоа не зависи од мене туку зависи од нашите соседи“, рече Сиљановска Давкова.
Извор: Курир