Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека четврток е соодветен рок Украина да го прифати предлогот поддржан од САД за прекинување на војната со Русија. Тој ја даде изјавата во радио интервју за програмата на Брајан Килмид на „Фокс Њуз“.

Според Трамп, временската рамка може да се менува доколку преговорите напредуваат позитивно.

„Поставив многу рокови, но кога работите ќе одат добро, роковите можат да се продолжат. Но, сметаме дека четврток е добар рок“, рече американскиот претседател. (МИА)

Во американските медиуми рокот беше толкуван како обид да се забрза дипломатскиот процес и да се создаде притисок врз страните за изнаоѓање решение, иако засега нема официјални детали за конкретните параметри на предлогот.