Дебело криминално досие на само 21 година
Од ракометар, до манекен, па отпосле во криминалните води. Познати се нови детали за Македонецот кој се разнесе од несмасно ракување експлозив во Белград претходната недела, а тој имал криминално досие на само 21 година.
Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека младиот Македонец Мартин Сипковски, кој загина во експлозија во белградски стан, имал богато криминално досие со серија тешки дела извршени уште на 21-годишна возраст. Против него била поведена истрага за убиство во обид, насилство, разбојништво и предизвикување општа опасност, пренесува Слободен печат.
ТРАГЕДИЈА ВО БЕЛГРАД: Македонскиот модел Мартин Сипковски загина во експлозија
Во случајот од 15 септември 2024 година, Сипковски со нож нападнал едно лице во зграда на булевар „Јане Сандански“ во Скопје. По неговото приведување, обвинителството побарало притвор, но судијата на претходна постапка ја одбил мерката и му одредил куќен притвор со одземен пасош. Жалбата на обвинителството потоа била одбиена.
По завршената истрага, на 26 декември 2024 година било поднесено обвинение, а на 3 јуни 2025 година судот го прогласил за виновен и го осудил на 7 години и 6 месеци затвор. Пресудата сè уште не била правосилна, па Сипковски останал во куќен притвор.
Нелегално ја напуштил државата пред експлозијата
Обвинителството потврди дека на 25 септември 2025 година, една недела пред експлозијата во Белград, СВР Скопје известило дека Сипковски не бил пронајден во својот дом, што укажува дека успеал нелегално да ја напушти земјата.
„Јавното обвинителство не беше информирано за неговата недостапност сè до 25 септември, кога беше доставено известување од СВР Скопје. Веднаш потоа, Кривичниот совет донесе одлука да ја укине мерката куќен притвор и да одреди ефективен притвор“, наведуваат од обвинителството.
Експлозија во Белград стави крај на животот на Сипковски
Српските медиуми објавија дека Сипковски загинал при несоодветно ракување со околу 1,5 килограм експлозив „пентрит“ во стан во центарот на Белград. Според нив, експлозивот бил подготвен за ликвидација на лице поврзано со организиран криминал.