На својот прв настап во Македонија, со гала концерт на сцената на Националната опера и балет во Скопје, оперската дива од Бугарија, Александрина Пендачанска (сопран), по топлиот прием од публиката се заблагодари и рече дека за неа беше голема чест што настапи во Скопје, од каде, рече, има потекло, пренесе МКД.мк
Пендачанска, заедно со гости-солисти, исполни оперски арии од Бах, Моцарт, Бизе, Верди, Росини, Леонкавало, Џордано и други, кои беа проследени со овации.
Диригент на оперскиот концерт беше Бисера Чадловска, а концерт-мајстор Климент Тодороски. Со соло изведби настапија солистите: Ралица Богданова (сопран) и Марјан Јованоски (баритон ) во придружба на оркестарот на Националната опера и балет.