Комплетиран е составот на Советот за безбедност. Претседателката Сиљановска-Давкова, согласно со уставните надлежности, за членови на Советот за безбедност ги именуваше Малинка Ристевска Јорданова – експерт за евроинтеграции, Џевдет Хајредини – поранешен министер за финансии и Владимир Спиридонов – експерт за климатски промени.
Со именувањето на тројцата членови Советот за безбедност на Република Северна Македонија е во полн состав, соопштуваат од кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова.