Името Македонија за него е свето и негово лично право е да го користи, порача премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ги реакциите од Грција по неговата изјава за името на државата.

Одговарајќи на новинарско прашање по посетата на фабриката „Алкалоид“, Мицкоски истакна дека не поддржува цензура или закани и дека слободата на говор е загарантирана.

  • – Во принцип не сум човек што сака цензура или закани, така што за мене името Македонија е свето име и моето слободно право на говор е да си кажувам како што јас мислам, рече Мицкоски.

Премиерот во истото обраќање најави дека Предлог-законот за правична застапеност, за кој веќе е добиено мислење од Венецијанската комисија, наскоро ќе се најде пред пратениците.

– Имаме седница на Влада во вторник. Помина на Влада пред да се испрати во Венецијанската комисија, ако треба повторно ќе помине и ќе го испратиме во Собранието, рече Мицкоски.