Од Владата за „Фокус“ објаснуваат дека нивниот идентитет е заштитен со закон.

Во случајот со трагичната несреќа во Тетово станува збор за пациенти и нивната приватност и идентитет се заштитени согласно закон. Дополнително случајот е под истрага на Обвинителството. Институтот за судска медицина целокупната документација ја предаде на истражните органи, велат од Владата за „Фокус“.

Во несреќата што се случи минатата недела, непосредно по прославата на независноста на Македонија, изгореа 14 пациенти кои се лекувале од ковид во тетовската модуларна болница. Во несреќата почина и уште една пациентка која не изгоре во пожарот, но пред да избувне огнот, неуспешно била реанимирана со дефиблиратор.