Во центар на Скопје, пред еден угостителски објект се случи физичка пресметка во која беа вмешани двајца малолетници и двајца возрасни, соопшти МВР.

На 21 септември 2025 година, во 19:37 часот, СВР Скопје доби пријава за нарушување на јавниот ред и мир во угостителски објект на подрачјето на Центар. Во инцидентот биле вмешани Т.В. (33) од една страна, како и Ј.И. (19) и двајца малолетници на 17 години од друга страна, сите жители на Скопје.

Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.