Индија сака да аплицира за домаќин на Летните олимписки игри 2036 година, објавува „Insidethegames“. Во моментов, прашањето за поднесување апликација се дискутира со Меѓународниот олимписки комитет (МОК).
– Олимпијадата може да се одржи во три или четири градови во Индија, а Националниот олимписки комитет на Индија е во преговори со МОК за можна понуда за Игрите во 2036 година. Бидејќи јас сум претседател на организацијата, преговарам со МОК на оваа тема, соопшти шефот на Националниот олимписки комитет на Индија, Нариндер Батра.
Тој исто така додаде дека свеченото отворање би се одржало на стадионот „Мотера“ во Ахмедабад.
– Нема стадион подобро приспособен за церемонијата на отворање на Олимписките игри во Индија. Не можам да кажам што ќе се случи до 2036 година, рече Батра.