Индија во јули веројатно ќе има подпросечна количина монсунски врнежи. Петта година по ред во јуни нема дождови од почетокот на водењето евиденции во 1901 година, соопшти денеска Метеоролошката служба на Индија.
Директорот на службата, Мрутјуњај Мохапатра изјави дека според прогнозите јулските монсунски врнежи ќе бидат помалку од повеќегодишниот просек од 94 проценти.
Индиски официјални претставници предупредија дека малата количина врнежи би можела негативно да влијае врз земјоделскиот сектор, кој останува во голема мерка зависен од сезонските монсуни, како и врз целокупната економска активност на земјата.
