Индискиот министер за внатрешни работи Амит Шах изјави дека е „многу вознемирен“ од веста дека во инцидентот во саботата доцна навечер загинале цивили, без да прецизира за колку жртви станува збор.
Локалните медиуми јавија дека индиските безбедносни сили по грешка отвориле оган врз цивили, без да наведат причина за инцидентот.
– Државата детално ќе го истражи овој инцидент, ужалените семејства мора да ја добијат правдата, напиша Шах на Твитер.
Неименуван припадник на армијата рекол дека војниците пукале во камион, откако добиле информација дека во таа област се движат бунтовници и оти прво биле убиени шест лица.
Насобраните селани потоа запалиле две воени возила, а војниците пукале во нив и убиле уште седум лица, рекол воен претставник кој побарал да остане анонимен.