Како што пренесуваат странските агенции, ова е пресврт во односите меѓу Њу Делхи и Ватикан, откако преговорите за патувањето на католичкиот поглавар во земја населена претежно со хиндуисти во 2017 година не беа реализирани.

-Имав многу срдечна средба со папата Франциск и можност да разговарам со него за широк спектар на прашања, а исто така го поканив да ја посети Индија, напиша Моди на Твитер.

Индискиот премиер е во Рим, каде денеска и утре ќе се сретне со лидерите на Групата 20 најиндустриски развиени земји во светот (Г20).