Нафтените и гасните блокови имаат вкупен капацитет од најмалку 500 милиони барели нафта и 22 трилиони кубни стапки гас, покажауваат податоците презентирани на енергетската конференција од Аријаџи.
-Ги покануваме потенцијалните инвеститори кои се заинтересирани, кои имаат технички можности и имаат добра финансиска можност да учествуваат во овој круг на наддавање, рече Аријаџи.
Понудените блокови се: Западна Палмера и Бертак Пијар Пујух на островот Суматра, морското поле Паус во Натуна, блоковите Северен Кетапанг и Агунг I во Северна Јава, блоковите Караенг и Агунг II во Јужен Сулавеси и блокот Маратуа во Источен Калимантан. Сите освен блокот Бертак Пијар Пујух се неистражени.
Директните предлози ќе го користат „договорот за споделување на производството“, според кој изведувачите ги поднесуваат трошоците за истражување и производство во замена за задржување на поголем дел од нафтата и гасот што ги обновуваат.
Редовните отворени тендери ќе им овозможат флексибилност на изведувачите да избираат помеѓу договор за споделување на производството или шема за бруто поделба, според која владата ги надоместува трошоците за истражување и производство на товар на изведувачите во замена за поголем дел од заработката од нафта и гас на компаниите.
Ова е втор круг понуди за нафта и гас што Индонезија ги објави од почетокот на пандемијата. Индонезија во септември им додели нафтени и гасни блокови на локалната енергетска компанија Енерџи Мега Персада и на канадската Хаски Енерџи АД, на првиот таков тендер во земјата по речиси две години.