Премиерот Мицкоски најавува економски пресврт во индустрискиот сектор

Премиерот Христијан Мицкоски објави дека индустриското производство во март 2025 година забележало значаен раст. Растот е  5,2% на годишно ниво, споредено со истиот месец лани. Ова, како што рече, е одлична вест која ја добил на летот од Валенсија кон Скопје.

„После долго време бележиме и раст на индустриското производство на квартално ниво – првиот квартал од 2025 е повисок за 2% споредено со првиот квартал од 2024 година,“ истакна Мицкоски.

Индустриското производство намалено за 3,6 отсто

Преработувачката индустрија е двигател на растот

Посебно е позитивен трендот во преработувачката индустрија, која забележала раст од 4,8% во март и 3,6% на квартално ниво, што според Мицкоски е јасен сигнал за стабилизација и развој во клучниот сектор.

Од пад до стабилизација – индустријата излегува од рецесија

Премиерот потсети дека во вториот квартал од 2024 индустриското производство опаѓало за -7%, а индустријата била во длабока рецесија. Но, по два квартали на стабилизација, 2025 година започнува со позитивен тренд, и тоа во комплексни економски услови во Европа, особено во автомобилската индустрија.

Дисциплинирани економски политики за богата Македонија

„Ова се солидни индикатори и инспирација да продолжиме со дисциплинирани и развојни економски политики. Горда Македонија е богата Македонија,“ заклучи Мицкоски, уверувајќи дека Владата ќе остане посветена на економскиот раст и индустриско зајакнување.

Извор: Курир