Инфлацијата ги јаде платите, тоа што лани можело да се купи за 18.000, сега треба со 19.200 денари. Стапката на инфлација која ДЗР ја објави дека изнесува 6.7% сериозно ги нагризува платите. Секој работник во Македонија има по минимум 1.000 денари помалку како резултат на инфлацијата сега, во однос на пред една година, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијта истакнуваат дека заради инфлацијата, 18.000 денари плата денес, е како 16.800 денари плата лани.

-Таргет на инфлацијата се сите подеднакво, и помалите и повисоките примања. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ предложи зголемување на пензиите и платите во јавниот сектор, а СДСМ одби. Приказните на СДСМ за повисоки плати се лаги, и таканаречената минимална плата е речиси нагризана од инфлацијата, и се што имаме е само порамнување, а не покачување. Потребни се итни и суштински мерки. СДСМ покажа дека не може да ги спроведе, се наведува во соопштението на партијата.