Инфлацијата во Канада се искачи на 5,1 отсто во јануари – далеку над очекувањата на економистите – бидејќи поскапувањата достигнаа највисоко ниво во изминатите 30 години, соопшти владината статистичка агенција.
Зголемените цени на горивата, заедно со трошоците за храна и домување, повторно беа главни причинители. Бројката во декември беше 4,8 отсто.
„Предизвиците поврзани со пандемијата „Ковид-19″ продолжуваат да тежат на синџирите на снабдување, додавајќи ги сметките за гориво и намирници на потрошувачите”, се вели во соопштението на Статистика на Канада.
Најголемо поскапување имало кај месото, маргаринот, зачините и оцет, свежото овошје и пекарските производи, како и пивото и виното, соопшти агенцијата. Возачите, исто така, плаќаа повеќе на бензиските пумпи бидејќи „загриженоста за глобалните резерви на нафта како одговор на меѓународните политички настани” ги зголеми цените на бензинот, се вели во извештајот.
Во меѓувреме, се намалија трошоците за каматите за хипотека и телефонските услуги