Утре во Гевгелија ВМРО-ДПМНЕ организира трибина за инфраструктурен бум и темелите на промените

Во општина Гевгелија утре со почеток од 20:30 часот ќе се одржи трибина на тема „Инфраструктурен бум – Ги градиме темелите на промените“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

На трибината говорници ќе бидат:

  • Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата;
  • Александар Николовски, министер за транспорт;
  • Синиша Ивановски, директор на ЈП Железници инфраструктура;
  • Коце Трајановски, директор на ЈПДПП; Андон Сарамандов, градоначалник на Општина Гевгелија; и
  • Ангелинка Петкова, пратеник во македонското Собрание.

Настанот ќе може да се следи и на Јутјуб и на Фејсбук каналот на ВМРО-ДПМНЕ, потенцираат од партијата.