Македонија започнува инфраструктурна трансформација со нови авиолинии и патишта кои го зголемуваат бројот на патници и ја зајакнуваат економијата
Инфраструктурна трансформација во Македонија преку проекти за нови патишта и авиолинии кои ќе ја подобрат меѓународната поврзаност на земјата.
Новите патишта, модернизираните автопати и зголемувањето на авиолиниите значително ќе придонесат за регионалната интеграција и економскиот раст.
Во изминатиот период се воведоа нови 16 авиолинии од аеродромите во Скопје и Охрид. Пет нови линии пристигнаа на скопскиот аеродром, кон Стокхолм, Мадрид, Бари, Келн и Прага.
Претходно беа воведени уште 11 линии од Скопје и Охрид кон Барселона, Лион, Париз, Женева, Истанбул, Амстердам, Дубаи, Штутгарт, Ларнака и Базел.
Исто така, е воведен нов чартер лет од Германија со кој најмалку 200 туристи секојдневно ќе ја посетуваат Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Зголемувањето на бројот на патници веќе се гледа во првата половина од оваа година. На двата аеродрома биле превезени вкупно 1,5 милиони патници. Ова е дел од новата инфраструктурна трансформација во Македонија.
Тоа претставува зголемување од 5% на скопскиот аеродром и 11% на охридскиот.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ вложува и во изградба и рехабилитација на клучни патни правци.
Дел од автопатот Кичево-Охрид, делницата Пресека-Песочани, беше пуштен во употреба како шеста делница од проектот.
Преходно беа пуштени во употреба делниците Градско-Фариш, Фариш-Дреново, Страцин-Крива Паланка, Гевгелија-Валандово и Охрид-Свети Наум.
Во употреба е ставен и експресниот пат Градско-Прилеп, потегот Градско-Дреново, вреден 37,4 милиони евра.
Експресниот пат Дреново-Фариш значително го скратува времето за патување и ја подобрува безбедноста во сообраќајот.
Пуштен е и експресниот пат Ранковце-Крива Паланка (потег Страцин) долг 26 километри, со вредност од речиси 98 милиони евра.
Реконструиран е регионалниот пат Охрид-Свети Наум во должина од 25 километри, вреден 12 милиони евра.
ВМРО-ДПМНЕ порачува дека со посветена работа и заеднички напори се реализираат проекти кои поврзуваат Македонија со регионот и го подобруваат животот на граѓаните. И тоа се е дел од инфраструктурна трансформација во Македонија.
„Ги градиме темелите на промените. Доаѓа времето на Македонија,“ посочуваат од владејачката партија.