Инспекциски надзор во Кавадарци по смртта на новороденчето

Министерство за здравство соопшти дека го иницирало Државниот санитарен и здравствен инспекторат да изврши инспекциски надзор во Општа болница Кавадарци, поради случајот со починатото новороденче.

Двомесечно бебе починaло во болницата во Кавадарци

Што соопшти болницата?

Од болницата информираа дека бебето со иницијали У.М., на возраст од два месеца, било примено на детското одделение поради обилно повраќање по хранење. Според нивното соопштение, состојбата била следена и биле преземени медицински мерки.

Полициски информации и обдукција

Претходно, СВР Велес соопшти дека синоќа во ОВР Кавадарци било пријавено оти околу 21:35 часот на детското одделение во болницата починало бебе на возраст од два месеца. Како што е наведено, бебето било хоспитализирано на 12.01.2026 година, но и покрај укажаната медицинска помош и извршената реанимација, лекар констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.