Овие прашања, вели Маричиќ, се отворија и пред две недели кога ги објавија покачувањата за судиите.
– Имав можност утрово на оваа тема да разговарам со претседателот на Здружението на јавните обвинители, јавниот обвинител Тодор Витларов, тој ми укажа на одредени меѓународни стандарди, согласно кои примањата на судиите и на јавните обвинители треба да бидат на исто ниво. Владата тоа го уважи и интенцијата и во разговорите со Министерството за финансии ја утврдивме истата можност и истата потреба како кај судиите, така и кај јавните обвинители да има етапно покачување на платите од 10 проценти оваа година и пет проценти наредната година, со тоа што тоа ќе треба законски да се дефинира, информира Маричиќ.
Во однос на судската администрација и јавно-обвинителската служба, минатата недела, како што посочи, имале средба и со синдикатите и со здруженијата на судската администрација и јавно обвинителската служба, и се согласиле дека ќе ја интензивираат работата во работната група која се занимава со Законот за плати во судската служба и јавно обвинителската служба.
– Должни сме законски да ги уредиме прашањата со платите, примањата и можностите за додатоци и таму согласно можностите ќе обезбедиме зголемување колку што ќе дозволува буџетот и колку што ќе можеме оваа и во наредната година, додаде Маричиќ.