Сите градови под управа на Украина во источниот регион Луганск денеска се изложени на постојано и се поинтензивно бомбардирање од руските сили, изјави гувернерот на регионалната државна администрација во Луганск Сергиј Гајдај.
Тој рече дека украинските сили напуштаат некои населени места за да се прегрупираат, но оти тоа не е знак за големо назадување.
Русија негира дека цели на цивилни зони.
Рускиот министер за одбрана претходно изјави дека неговите сили собориле украински борбен авион Су-25 и уништиле три хеликоптери МИ-8 на аеродромот во Харков.
Украина сè уште не ги коментираше наводите на Русија.