Денеска целосно беше исчистена дивата депонија во Карпош на улицата Марк Твен.

– Градот Скопје веќе исчисти повеќе од 120 диви депонии во првите 30 дена од мандатот на градоначалничката Данела Арсовска. Со чистењето на дивите депонии на подрачјето на Скопје каде вообичаено се согорува отпад, значително ќе се придонесе за намалување на аерозагадувањето, како и ќе се елиминира потенцијална опасност од загадување на подземните води и почвата во градот, информираа од Град Скопје.

Скопје без диви депонии е еден од главните проекти на кој градската администрација активно работи во соработка со општините и јавните претпријатија под Град Скопје.