За интерпелациите на министерот Бојан Маричиќ и вицепремиерот Љупчо Николовски, што се на дневен ред на 41. седница, на координацијата немало договор, но од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најавуваат дека тие остануваат за јуни.

Утре или задутре, според информациите од Собранието, би требало да биде закажана седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност на која би се расправало за законот за државјанство, по постигнатиот договор на Алијанса на Албанците и Алтернатива и СДСМ. Сепак дали ќе дојде до конечна разрешница во однос на ова решение ќе се знае откако предлозите ќе ги види и опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Од пратеничката група на Алијанса за Албанците и Алтернатива велат дека кога ќе помине нивниот предлог, кој по разговорите на лидерите, е делумно изменет, ќе ги повлечат нивните амандамни со кои се блокираат низа други закони.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, потврдуваат дека се уште не го виделе предлогот и оти за него дополнително ќе се изјаснат.