Интерпелацијата за спикерот Африм Гаши на дневен ред на собраниска седница. Партијата Левица бара одговорност поради неколку инциденти во изминатиот период.
Според најавите, пратениците на СДСМ ќе гласаат „за“, коалицијата „Твоја Македонија“ нема да го поддржи отповикувањето на претседателот на Собранието. Од ДУИ, пак, денес најавија дека нема да гласаат за интерпелацијата на Гаши.
„Ќе дебатираме за интерпелацијата и ќе ги кажеме сите недоследности и забелешки за работењето на Гаши како претседател на Собранието, но од принципиелни причини нема да гласаме за негово разрешување“, изјави Блерим Беџети од ДУИ пред почетокот на денешната собраниска седница.
На денешната собраниска седница прва точка на дневен ред е интерпелацијата на Гаши што ја поднесоа пратениците на Левица.