Париите ги соопштија ставовите
ВМРО-ДПМНЕ нема да ја поддржи иницијативата за интерпелација на собранискиот спикер, Африм Гаши. Ова го потврди премиерот Христијан Мицкоски, кој рече дека од партијата имале голем број аргументи за донесување на таквиот став. Според него, иницијативата е незрело однесување на опозициските партии.
Партиајта на Максим Димитриевски, вечерва ќе одлучи како ќе гласа на утрешната интерпелација, но извесно е дека ќе гласа идентично како и коалициониот партнер, ВМРО-ДПМНЕ.
Пратениците на СДСМ и Коалицијата ќе гласаат „за“ интерпелација на претседателот на Собранието. Тие набројаа низа причини за нивната одлука меѓу кои и последниот со користење на службеното возило и обезбедување на приватна веселба во Косово. Мицкоски ветуваше дека ниту еден политичар нема да биде поштеден од политичка одговорност доколку се докаже дека работел спротивно на правилата и законите а сега ревносно го брани Гаши-велат од СДСМ. Претходно и претседателот на партијата го истакна својот личен став.
Интерпелацијата на Гаши ќе се најде пред пратениците
Интерпелацијата за Гаши на дневен ред пред пратениците ќе се најде на утрешната седница. Иницијативата ја поднесе Левица и како што оттаму велат истата е заснована од седум причини меѓу кои – повреда на секуларноста на државата, скандалот на Меѓународниот аеродром во Скопје со косовската претседателка како и повреда на употребата на македонскиот јазик.