Србин со меѓународна потерница уапсен на граничниот премин Табановце

На 18.08.2025 во 12:08 часот, Србин уапсен на граничниот премин Табановце поради тоа што при извршена гранична проверка било констатирано дека е со мерка „апси“ по барање на Интерпол. Полициските службеници го лишиле од слобода А.М.(36) од Република Србија.

По апсењето, А.М. бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.