Радио Лидер
  • Македонија
  • Економија
  • Хроника
  • Скопје
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Подкаст
Слушај во живо Слушај
  • Македонија
  • Економија
  • Хроника
  • Скопје
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Подкаст

ИНТЕРВЈУ СО ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ: Го сопревме урбаното дивеење со максимум четири станови во индивидуалните згради!

И
Скопје 23.04.2023. 15:02
ИНТЕРВЈУ СО ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ: Го сопревме урбаното дивеење со максимум четири станови во индивидуалните згради!

Претворањето на куќи во мини-згради е тренд низ Скопје, но во ридските населби во подножјето на Водно, како Црниче и Пржино, се оди чекор подалеку. Инвеститори ги пријавуваат улиците над нивните парцели како почетни коти, па теренот им овозможува да изградат уште еден до два ката надолу, како „подрумски“ простории. Практично „приземјето“ на „куќата“ е всушност прв или втор кат. Со цел тоа да не се случува, а на барање на жителите на овие населби, општина Кисела Вода го ограничи бројот на станови по објект, на максимум четири. Дали одлуката се спроведува, како и до каде е меѓународниот конкурс за урбанизација на Расадник, но и на други теми поразговаравме со градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, кој воедно е и претседател на ЗЕЛС

– Во општина Кисела Вода, од април 2022 година, на сила е одлуката дека на местата каде што градежното земјиште е наменето за индивидуално домување, максималниот број станбени единици е четири. Пред одлуката, инвеститорите беа многу послободни во дефинирањето на поимот индивидуална куќа, а локалните власти отворени за нивните слободни толкувања. Како се спроведува оваа одлука во пракса?

– На барање на најголем број од граѓаните не само во Пржино, Црниче, туку и во други населени места каде во минатото се случуваше урбанистичко дивеење и оневозможување на хумано живеење, каде што инвеститори добиваа одобренија за градба на А1 дозволи и намена (дваесет, односно триесетина имаше во одредени места) и тоа сериозно претставуваше оптоварување на инфраструктурата, и подземна и надземна, проблем создаваше со паркирање и се уништуваа цели населби. Најпрактичен пример за тоа беa Црниче и Пржино каде што тоа се случуваше.

Она што ние се обврзавме пред изборите да го направиме и останавме доследни на тоа е да направиме ограничување на бројот на станбени единици во А1 намената – да биде четири станбени единици максимум, а колку што и законот тоа го дозволува. Тоа беше прифатено од страна на координаторите на советничките групи во прва фаза. Подоцна во втора фаза кога беше гласањето, за жал, сегашната опозиција на локално ниво – СДСМ не го поддржа тоа, додека сите други политички партии во советот го поддржаа и гласаа за истото. Практично беше спроведено автентично толкување со одлука на Совет, каде што направивме ограничување на бројот на станбени единици  да не може никој да добие одобрение за градба  со повеќе од 4 станбени единици и тоа сега функционира така.

Сите граѓани се задоволни од овој процес што го спроведовме бидејќи тоа беше нивно барање. Моја обврска беше да го испорачам тоа што сум го ветил. Имам апсолутна поддршка од граѓаните таму во таа моја борба заедно со нив. Но, се појавува личниот интерес на одредени градежни компании и кои имаат желба, како во минатото што правеле со купување на некоја трошна куќа или помал објект да заработат големи средства. Имам информација дека една или две градежни компании ја обжалуваат одлуката пред Уставен суд, но верувам дека уставните судии ќе покажат разумност во овој процес. Сите кои сме државни функционери земаме плата од тие граѓани и треба да се бориме за застапување на интересите на граѓаните , а не за застапување на интересите на поединци, како што е случајов со тие што обжалуваат пред Уставен суд. Мислам дека каква и да биде одлуката на Уставниот суд, а верувам дека ќе биде разумна, мене нема да ме поколеба и попречи во намерите она што сум се обврзал пред граѓаните до крајот на мојот мандат да го спроведувам во пракса. Така што не планирам отстапки во тој дел ниту пак, било кој од моите соработници. Одиме до крај со она што сме се обврзале да го реализираме и времето ќе покаже дали ќе останеме доследни на тоа.

– Што бараат градежните фирми пред Уставен суд?

– Тие бараат да се поништи оваа одлука и да можат и понатаму да дивеат и на улички со 3 метри ширина да можат да никнат пет згради во кои треба да се вселат 20, 30 или 50 семејства, па ќе треба уште 100 возила да донесат на улицата. Тие си го гледаат нивниот личен интерес, но тоа мене не ме интересира. Мене обврска ми е да го штитам интересот на колективот, односно граѓаните. И не отстапувам од тоа.

– Што би се случило доколку Уставен суд ја укине одлуката на општина Кисела Вода. Што би правеле во тој случај?

– Има правни лекови и ќе се бориме, нема да се откажам. Тврдам дека во мојот мандат таму нема да биде издадено одобрение за повеќе од четири станбени единици.

– Што мислите за иницијативата за конфискација на дивоградбите која наиде на нож во јавноста бидејќи добар дел од граѓаните и стручната фела сметаат дека конфискацијата не го решава проблемот, туку дивоградбите треба да се уриваат. Ова особено за објектите што се изградени на исклучително ризични места, како што се падините на Водно, Црниче, Пржино…и каде постои опасност од свлечиштата и се доведуваат во опасност животите на цели семејства. Исто така, постои опасност утре конфискуваниот имот сопственикот на дивоградбата преку друго лице да го откупи од државата за „евтини” пари и од нелегален да му стане легален. Што мислите за ова?

– Иницијативата на Општина Центар не е за класична конфискација на дивоградби туку барање на решенија за дивоградбите кои продолжиле да се градат и покрај  донесувањето на Законот за легализација од 2011 година. Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски јавно ја изнесе на седница на ЗЕЛС, а деталите потоа ги испрати до одделните општини, вклучително и до Општина Кисела Вода, за стручните служби да ја разгледаат и да дадат свое видување.

Моето размислување е дека решението треба да биде во насока на реупотреба на посочените дивоградби, но со вклученост на одредено тело, составено од стручни лица од централните и локалните органи кое ќе врши проценка и ќе одлучува дали објектот може да се користи за нешто, или треба да биде третиран како другите дивоградби, односно да треба да се врати во првобитната состојба. Бидејќи колку што ни е важен развојот на општината, уште поважно ни е осигурувањето на безбедноста на граѓаните.

Исто така, сметам и дека оваа иницијатива треба да биде поттик до централната власт, а тука мислам и на законодавната и извршната, дека мора во соработка со ЗЕЛС да се најде решение за овој повеќедецениски проблем. Непочитување на Законот за рамномерен регионален развој, државниот интервенционизам без никакви критериуми од страна на Владата во поедини општини, нееднаквоста на законските можности на централните даночни власти визави локалните, лошата фискална децентрализација, енормното зголемување на цените за изработка на урбанистички планови одобрени од централната власт, доведува до тоа многу општини да немаат финансиски средства за изработка на урбанистички планови, а тоа значи неможност на граѓаните во легална постапка да дојдат до одобрение за градба. Затоа иницијативата ја гледам и како еден крик до централната власт која ги носи законските решенија да се освести од зимскиот сон.

Како градоначалник и претседател на ЗЕЛС, ги поддржувам сите оние иницијативи кои нудат системско решавање на проблемот со градењето на дивоградби и силувањето на одреден простор. Потребни се детални стручни проверки и анализи за да се осигуриме дека законот ќе биде ефикасен и спроведлив, а безбедносните ризици ќе бидат сведени на нула. Потребни се да се имаат чисти и јасни процедури за спроведување на законот, имплементација на механизми за надзор и контрола, кои ќе ги препознаат и спречат сите облици на корупција и неправилности. Треба да се промовира транспарентност и отвореност во процедурите, така што граѓаните ќе можат да видат како се спроведува законот и да имаат доверба во системот. Велам дека е неопходно системско решение, бидејќи најмалку што е потребно е тоа да создаде дополнителен проблем, каков што посочувате. Тоа би било неприфатливо.

Целото интервју прочитајте го ТУКА.

 


интервјуорце Ѓорѓиевски

Поврзани вести

Македонија

Николоски: Набавуваме нови 49 возила и опрема за одржување на хигиената низ општините, најголема поддршка од Владата до сега

05.06.2026. 11:59

Скопје

Ѓорѓиевски започнува теренска посета во сите скопски општини

26.05.2026. 15:22

Македонија

Ѓорѓиевски: Власите се нераскинлив дел од кодот на Македонија, убавината е токму во различностите

23.05.2026. 15:36

Скопје

(ФОТО) ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ПОЖАРНИКАРСТВОТО: Ѓорѓиевски најави модернизација на Противпожарната бригада

20.05.2026. 14:45

Најнови вести

пред 27 мин.

Трамп: Протечените детали за договорот со Иран се неточни

пред 1 час

Илон Маск станува првиот трилионер во историјата – откако Спејд Х излезе на берза

пред 1 час

Николоски: Директен лет Анкара – Скопје и карго железничко поврзување за поголема трговска размена со Турција

пред 2 часа

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ СО ФРАНЦУСКА ПОДДРШКА: Ќе се унапредува пристапот до еколошката правда

пред 2 часа

ПОЛСКА ГО ОГРАНИЧУВА ПАКТОТ НА ЕУ: Нема да прима дополнителни баратели на азил

пред 3 часа

ПОСВЕЖИ ТЕМПЕРАТУРИ: Еве какво време ќе имаме викендов

пред 3 часа

ЗАРАБОТКА ОД 2.150 ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ: ДЗС бара поранешни војници, полицајци и пожарникари

Останати вести од Скопје

Скопје

СОЛИДАРНОСТ НА ДЕЛО: Општина Карпош доделува по 100.000 денари за семејствата на загинатите на обиколницата

11.06.2026. 13:48

Скопје

Скопската вода е безбедна за пиење

10.06.2026. 17:37

Скопје

(ФОТОГАЛЕРИЈА) КАРПОШ ДОБИВА НОВ ЗАТВОРЕН ПЛИВАЧКИ БАЗЕН: Инвестицијата е вредна 46,7 милиони денари

02.06.2026. 12:56

Скопје

(ВО ЖИВО) Изјава за медиуми од отворање на нов училишен базен во Општина Карпош

02.06.2026. 10:52

Скопје

Без струја делови на општина Центар

30.05.2026. 10:04

Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради Задушница

29.05.2026. 08:42

Скопје

Герасимовски: За жителите на Центар првото возило е бесплатно, второто се наплаќа, а третото се смета за луксуз

28.05.2026. 14:14

Скопје

При крај реновирањето на стара Комерцијална банка, еве кои државни институции ќе бидат сместени таму

27.05.2026. 11:28

Подкаст

Подкаст

Подкаст

АНГЕЛКА ПЕЕВА ЛАУРЕНЧИЌ – Маркетиншката ѕвезда која можеше да стане политичка ѕвезда

12.06.2026. 09:00

Подкаст

(ВИДЕО) ЕКСКЛУЗИВНО: БУГАРИЈА ПОДГОТВУВА ХИБРИДЕН НАПАД „ПЕНДИКОВ 2“ – вмешани организирани криминални групи!

11.06.2026. 08:52

Подкаст

ЕКСКЛУЗИВНО СО БОЦЕВСКИ: Од каде сега влетаа Украина и Молдавија?

10.06.2026. 08:42

Подкаст

СО РАБИ СЕДРАК АНАЛИЗИРАМЕ: Дали и кога ќе заврши војната на Блискиот Исток?

09.06.2026. 08:51

Подкаст

ПОПАРЕНИТЕ ЛИЦА НА КОНГРЕСОТ: СДСМ мириса на борба за опстанок!

08.06.2026. 08:44

Подкаст

(ВИДЕО) ИНТЕРВЈУ СО БОРКО РИСТОВСКИ: Ќе истрча ли во успеси македонскиот спорт?

05.06.2026. 08:54

Подкаст

(ВИДЕО) ЗОШТО ФИЛМАЏИИТЕ СЕ СКАРАА СО АГЕНЦИЈАТА? – разговараме со продуцентот Дејан Милошевски

04.06.2026. 09:11

Подкаст

(ВИДЕО) ШТО ДОНЕСЕ ПОСЕТАТА НА КОШТА: Како ќе се реши состојбата со интеграциите цо ЕУ?

03.06.2026. 09:00

Подкаст

(ВИДЕО) ПЕНДАРОВСКИ ГО ПОТВРДИ ПЛАНОТ НА СДСМ ЗА ВРАЌАЊЕ НА ГРУЕВСКИ: Што следува?

02.06.2026. 09:02
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
  • За General Heralding
  • facebook
  • twitter
  • instagram
  • youtube
  • rss

Copyright © 2021 General Heralding. All rights reserved.