ИНЦИДЕНТ ВО АЕРОДРОМ
Триесет и шестгодишна скопјанка вчера во СВР Скопје пријавила дека нејзиниот 16-годишен син бил физички нападнат на автобуска постојка на подрачјето на општина Аеродром.
Според пријавата, инцидентот се случил околу 12:30 часот, кога едно лице насилно го турнало малолетникот во багажниот простор од сопственото патничко возило и од него барало да каже кој фрлал снежни топки кон неговиот автомобил.
Како што се наведува во полицискиот билтен, напаѓачот физички го нападнал и другарот на малолетникот.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ИНЦИДЕНТ ВО АЕРОДРОМ
