Возач на „БМВ“ намерно удрил во човек кој управувал тротинет во скопската општина Аеродром, по што излегол од возилото и физички го нападнал. Напаѓачот е уапсен, соопшти МВР.
Според полицискиот билтен, на 26.03.2026 во 16:00 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници го лишиле од слобода А.С.(32) од Скопје.
„На 26.03.2026 во 16:00 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.С.(32) од Скопје затоа што околу 11:10 часот на подрачјето на општина Аеродром, по претходно недоразбирање во сообраќајот, со патничко возило „бмв” удрил во тротинет кој го управувал З.И.(41) од Скопје, а потоа и физички го нападнал. По целосно документирање на случајот ќе следува кривична пријава по брза постапка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство” по член 386 од Кривичниот законик“, пишува во полицискиот билтен.
